МакедонскиСрпскиEnglish
 

 

   

Печати PDF

Горди сме што можеме да Ви го претставиме системот кој ќе овозможи Вашиот бизнис да го донесете на највисоко ниво во однос на ефикасноста - продуктивноста, а трошоците на работењето на минимум. Речиси секое сценарио на системот е можно поради големите можности за прилагодување и големиот дијапазон на достапни опции.

Секторите кои би имале најмногу корист од ова се: банкарскиот сектор, секторите за продажба и информации, забава, како и јавните и државните служби, здравството итн. Терминалите се опремени со екран на допир и едноставно корисничко мени достапно на повеќе јазици. Овој уред, користејќи го нашето хардверско и софтверско решение, ја прави едноставна услугата за крајните корисници при плаќање сметки за комунални, телекомуникациски услуги, како и плаќањето на кој било друг вид сметка.

Решенија:

● Плаќање на сметки (вода, струја, топлификација),
● Плаќање на сметки за мобилни телефони и дополнување кредит,
● Берзански информативен киоск - онлајн банкарство,
● Печатење на документи за потреби на корисници,
● Пристапно место за интернет-нарачка на храна,
● Каталошка продажба со готовина и кредитни картички,
● Промотивни/рекламни штандови - игротека,
● Комуникациски услуги – телефон, видео, факс и е-пошта,
● Нарачка на карти за кино, театар, опера,
● Аптеки и здравствени организации,
● Туризам – хотели и реакреативни центри,
● Авиокомпании – информации, нарачка на карти и чекирање.


                                                                                                                                                                                 Види повеќе информации

                                                                                                                                      Превземете PDF каталог

 

Вие сте на:   ДомаОпремаИнфотерминали