МакедонскиСрпскиEnglish
 

 

   

Печати PDF

Конвертирање и печатење - Бироформ

 

Зошто би се одлучиле за услугите на  Бироформ Македонија?

 

Бироформ Македонија е официјален застапник на компанијата NEOPOST која е една од светските водечки компании во производството на системи за пакување во коверти, а исто така свесна и искусна во поглед на справување со сите предизвици, како производство, процесирање и менаџирање на mailing процеси.

Затоа Бироформ Македонија со својата широка палета на можности Ви овозможува Вашите пораки, брошури, документи, брзо и безбедно да ја достигнат саканата дестинација, со што се отстрануваат сите проблеми што се создаваат при рачното ковертирање кое ги оптоварува Вашите вработени.

Нашата фирма е технички и кадровски подготвена да врши услуга на печатење и ковертирање на Вашите документи на наши машини и во наши простории.

Можност за печатење и ковертирање

На располагање Ви е форматот А4, еднострано и двострано печатење. Освен испечатениот материјал, при ковертирањето може да се вметнат рекламни материјали и други додатоци.

Испечатените документи се ковертираат и се доставуваат до примачот.

Вашите податоци можете да ги доставите по електронски пат, на USB, CD, Hard disk  и др.

 

Рок на печатење и ковертирање

         - До  50.000 ков., максимум 1 (еден) работен ден.

         - До 150.000 ков., максимум 3 (три) работни дена.

Ви предлагаме наши коверти, бидејќи при машинско ковертирање се бара квалитет на коверти и хартија.


Печатењето се врши на следниве печатачи:

KYOCERA SS-4020 DN, брзина на ласерско печатење - 2.700 сметки на час,

Од овој модел имаме на располагање 6 печатачи.

KYOCERA FS-C5200 DN, брзина на ласерско печатење - 1.500 сметки на час.

Од овој модел имаме на располагање 1 печатач.

HP Laser Jet M1522nf, брзина на ласерско печатење - 1.500 сметки на час.

Од овој модел имаме на располагање 1 печатач.

 

Вкупно 8 системи за ласерско печатење на сметки - капацитетот на отпечатени сметки е 19.200 сметки на час.

 

Ковертирањето се врши на следниви машини:

- NEOPOST DS 1000, брзина на машинско пакување - 8.300 сметки на час.

- NEOPOST SI92, брзина на машинско пакување - 4.300 сметки на час.

Од овој модел имаме на располагање 3 машини.

- NEOPOST DS86, брзина на машинско пакување - 4.300 сметки на час.

Од овој модел имаме на располагање 1 машина.

- NEOPOST SI72, брзина на машинско пакување - 3.500 сметки на час.

Од овој модел имаме на располагање 1 машина.

- NEOPOST SI68, брзина на машинско пакување - 2.200 сметки на час.

Од овој модел имаме на располагање 1 машина.

 

Вкупно 7 системи за машинско пакување на сметки - капацитетот на спакувани сметки е 31.200 на час.

Самиот процес на печатење и ковертирање е технички и физички обезбеден, поддржан од моќен сервер и софтвер преку кој може да се следи целиот процес на печатење. Нашиот моментален капацитет на печатење и ковертирање изнесува преку 100.000 копии на ден.


Сите овие можности се предмет на договор.

Тајноста на ковертираните документи, како и содржината, Ви е гарантирана од страна на Бироформ Македонија (услугата која е предмет на понудава се извршува во посебни простории со контрола на пристап, видеонадзор, алармен систем, ПП заштита) за што се склучува договор за вршење услуга во коj се пресметани казнени одредби за непридржување на тајноста на содржината, во висина до 3.000.000,00 денари.

Затоа, почитувани комитенти, не губете време и пари! Користете ги услугите на Бироформ Македонија, доколку сакате Вашите документи да ги добиете на најбрз, најсигурен и најдоверлив начин.

Нагоре ↑

Вие сте на:   ДомаУслугиКовертирање и печатење