МакедонскиСрпскиEnglish
 

 

   

Печати PDF

Dermalog - Бироформ

ЗОШТО ДА СЕ ОДЛУЧИТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ DERMALOG СИСТЕМИТЕ?

ОВА СЕ ПРЕДНОСТИТЕ КОИ ГИ ДОБИВАТЕ:

DERMALOG FingerBanking

Биометриските податоци/ознаки стануваат дел од нашиот секојдневен живот. Отпечатоци од прсти и дигитални фотографии се користат денес во пасошите, националните лични карти, па дури и за отпочнување со работа на компјутерот. Биометриските податоци, како отпечаток од прст, се многу полесни и поудобни за користење отколку лозинки. DERMALOG гарантира дека со биометриските податоци вашиот идентитет е безбеден и не може да биде украден или фалсификуван.

DERMALOG FingerBanking е нова биометриска технологија која им помага на банките во обезбедувањето на трансакциите со биометриски податоци и да заштедат време и пари. Таа може да се користи со отпечаток на прстот или во комбинација со фацијална идентификација заради дополнителна безбедност и погодност. Главните бенефиции се многу очигледни:

1) Полесно повлекување пари со отпечаток од прст на банкарски шалтер или на банкомат,
 
2) Повеќе безбедни банкарски трансакции со отпечаток од прст (наместо користење лозинки, ПИН, tans),
 
3) Спречување на погрешен идентитет и на непожелни лица кои сакаат да пристапат до Вашата сметка,
 
4) Побезбеден и побрз влез во компјутерот за вработените во банката, без лозинки,
 
5) Елиминирање на потрошувачка на време и скапа администрација на лозинки во банката.
 

DERMALOG FingerBanking веќе се користи од страна на неколку големи банки во светот. Тоа е технологија базирана на DERMALOG AFIS (Автоматски систем за идентификација на отпечатоци) кој постигна светски рекорд во идентификација на отпечатоци од прсти со најбрзо пребарување на отпечатоци и највисока прецизност (сертифицирани од страна на SGS) и е освојувач на Фрост & Саливан Зајакнување на вредноста на клиентите, награда во 2011 година. DERMALOG скенерите за отпечатоци исто така имаат добиено награда на LiveDet Тест во 2011 година за најсигурни скенери на отпечатоци и спречување на секаков вид обид за измама.

 

AFIS (Автоматски систем за идентификација на отпечатоци на прсти)

 

 

  • Може да се користи како криминална апликација за регистрирање на криминалци. Целата процедура се извршува дигитално. Земањето на отпечатоците се врши со таканаречен „Live scanner“. Исто така, останува можноста за дигитализирање на веќе постоечки отпечатоци на прсти земени на хартија, таканаречени „Tenprint Cards“.

 

  • Разликата меѓу криминалната апликација и цивилната апликација е во тоа што во криминалната можат да се вршат и „форензички“ истражувања на отпечатоците. Латентните отпечатоци собрани од местото на прекршок можат да се соберат со помош на различни форензички начини (хемиски или со помош на прав за отпечатоци на прсти) и со скенирање на латентниот отпечаток (1000dpi), или со директно фотографирање со дигитална камера, да се обработат од страна на форензички дактилоскоп и да се отпочне автоматско пребарување во базата на податоци на собрани отпечатоци.

 

Втората апликација (цивилна) во која се користи AFIS е, на пример, пред издавањето на лични документи (лични карти, пасоши, возачки дозволи, лични карти на организации и министерства), односно секаде каде што е важно ЕДНА ЛИЧНОСТ да добие само ЕДЕН ИДЕНТИТЕТ и ЕДЕН ДОКУМЕНТ. Како пример може да наведеме држави каде што се инсталирани наши системи и каде што има појави на обид за издавање лични документи под друго име: Бразил има 9.000 случаи годишно, Индонезија околу 60 дневно / 300 месечно, нешто што е многу застрашувачко за една држава - да има државјани со 2 или повеќе идентитети.Македонија не врши идентификациона проверка на апликанти за новите биометриски пасоши. Еден документ може да има 100 различни заштитни обележја, ласерски обработки, нешто што само може да ги спречи фалсификаторите да фалсификуваат пасоши. Но, на различни начини можат да се поднесат барања за пасоши кои ќе бидат издадени од државата како уникат, иако под второ име, трето.

 

Македонија како држава треба да размисли за ова, бидејќи целата инфраструктура е веќе испорачана од  Giesecke & Devrient, и за да може да се изведе таков AFIS систем ќе треба да се инсталира само еден централен „Biometric Matching System“.

Еден таков систем за држава како Македонија ќе биде многу важен, земајќи предвид колку илегални личности престојуваат во Македонија (од Косово, Алабанија итн.), и истите ќе се обидат да добијат или да ги сочуваат веќе добиените различни идентитети.

         Smart Border Control (Проверка на гранични премини)

 

  • Системот работи по принципот на репликативна база на податоци. Системот е модуларно граден така што е можно различни модули да бидат користени и од други установи. Секој патник кој ја поминува границата ќе биде регистриран:

 

    • Пасошите ќе бидат исчитани автоматски. Сите податоци од ICAO кодот „MRZ“ (име, бр. на пасошот, важност на пасошот...), сликата од патникот автоматски ќе биде најдена и ќе биде екстрахирана, исто така целата страница на пасошот ќе биде сликана под различни светла: инфрацрвено, ултравиолетово и со видливо светло, и тие информации (слики) ќе бидат внесени во базата на податоци. Ако патникот патува со автомобил, може да се сликаат автоматски со инфрацрвена камера и регистерските таблички на возилото.
    • Ако патникот не патува по прв пат во државата, може да се види целата историја на патникот (кога влегол, кога излегол, на кој граничен премин итн.). Со сите тие информации може да се врши „Black Listing“. Сите параметри можат да бидат комбинирани и ставени на црна листа. Ако патникот, пасошот или возилото се барани и се појават на еден граничен премин, ќе биде активиран аларм. Алармот може да се активира директно кај службеникот кој го обработува патникот или ќе биде активиран само во „Back Room“ - кај некои повисоки офицери или други установи кои се специјализирани за народна одбрана.
    • Системот може да го користат и установи кои ги интересира колку патници влегле, од која држава. На тој начин за маркетинг може фокусирано да се обработат различни држави и старосни граници. 

Скенери за отпечатоци:

 

Видео Demalog: 

 Видео Neopost DS-1200 Видео презентација

                                       

 Видео Neopost DS-1200 Видео презентација

 

     Нагоре ↑

Вие сте на:   ДомаОпремаСигурносна опремаСкенери за отпечатоци